Непрофитната организација Make it Right со која управува Бред Пит е основана со цел да им обезбеди сместување на оние на кои им е најпотребна. Овој потег, конечно вроди со плод.
Првите три куќи дизајнирани од страна на непрофитната организација на Бред Пит заедно со пет архитектонски студии, испорачани се до индијанскиот резерват Fort Peck.
Организацијата планира да испорача 20 такви куќи кои се во согласност со LEED Platinum стандардот.
Од Make it Right стапиле во контакт со племињата Sioux и Asiniboin во резерватот Fort Peck во Монтана за да им се помогне да се изградат одржливи куќи, кои им се многу потребни во оваа област. Во резерватот кој има околу 6.000 лица, повеќе од 600 од нив чекаат свој дом, пишува Inhabitat.
Доставените C6Ps куќи со коси покриви имаат две спални соби, дневна соба, кујна, трпезарија и тоалет. Она што е важно е фактот дека овие куќи можат да се напојуваат со соларна енергија и геотермални пумпи, со што значително се намалуваат сметките, но исто така и ја штити животната средина.