Граѓаните со иницијатива за враќање на пораката, ветувањето од тогашниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, кое стоеше на објектот на старата железничка станица, денес Музеј на град Скопје дадено ден по катастрофалниот земјотре 1963 година.
„Скопје доживеа невидена катастрофа. Но Скопје повторно ќе го изградиме со помошта на целата наша заедница. Тоа ќе стане гордост и симбол на братството и единството на југословенската и светската солидарност“
27 јули 1963 Тито
И што е најважно од се даденото ветување само ден по катастрофалниот земјотрес, за разлика од многу денешни ветувања е исполнето до крај.
Иницијативата која почна на социјалните мрежи под име „ Да се врати пораката на Тито за солидарност по скопскиот земјотрес во 63-та“станува се помасовна. Граѓаните се обраќаат до надлежните институции со надеж дека пораката е разбрана.
Во иницијативата се вели„Не познавам Скопјани кои не сочувствуваат со катастрофата која му се случи на Скопје во јули 1963-та. Не познавам многу Скопјани кои не ја прочитале пораката која беше поставена на срушениот ѕид од старата железничка станица, но познавам малку Скопјани кои не ја разбрале пораката, и се дрзнаа да избришат дел од животниот стил кој беше вплетен кај Скопјани по една голема катастрофа.
Пораката која стоеше на ѕидот од разрушената стара железничка станица беше ехо на светското справување со катастрофи кои може да се случат секому и секаде! Пораката е космополитско-Скопје, за соживот и солидарност со сите на кои им се потребни во најтешките моменти.
Солдидараноста кон повредените, кон штетите и загубите кои ги претрпеа жителите на еден град, помошта која пристигна од сите страни на светот како код се вгради во менталитетот на жителите на Скопје – да се помогне, секому, без разлика на бојата на кожата, националноста и религиската припадност. Да се биде дел од светот, да се надминат припадноста и национализмот кога некому е потребна помош. Да се биде хуман!
Градот кој се издигна по катастрофата ја носеше оваа порака во новите градби, градби кои ги проектираа и ги донираа жителите од 30 различни држави, градби кои беа светски архитектонски достигнувања во ’70-те години.
За идните генерации Скопјани, за да се продолжи традицијата на хуманост, да не се заборави еден од изворите на солидарност, покренуваме иницијатива за враќање на поракта која беше поставена на срушениот ѕид од старата железничка станица“.
Граѓаните се достоинствени. Паметат, умеат да ценат и да почитуваат. Сакаат дадените ветувања кога се исполнуваат.