Насловна / Вести / Исландското електростопанство ќе стане јаглеродно неутрално за само пет години

Исландското електростопанство ќе стане јаглеродно неутрално за само пет години

Исландската енергетска компанија Landsvirkjun го објави својот амбициозен план за остварување на јаглеродна неутралност до 2025 година. Компанијата веќе со децении е насочена кон намалување на емисиите на стакленички гасови и на технологиите за зафаќање и складирање на јаглеродниот диоксид, а според првобитниот план јаглеродната неутралност требало да биде постигната дури во 2030 година. Landsvirkjun денес управува со 18 електрани нa Исланд, од кои најголем дел се хидроцентрали, а остатокот го сочинуваат главно геотермални и ветерни електрани. Имајќи предвид дека поради тоа дури 99% од енергијата се остварува во постројки од обновливи извори на енергија, воопшто не чуди поставувањето нa новиот рок.

island1

island2

island3

 

Испрати коментар

Scroll To Top