Една агентка за недвижности од САД која во бизнисот е над 25 години и денес е партнер во компанијата со својата ќерка, во текот на својата кариера имала прилика да се сретне со бројни славни личности во улога на нејзини клиенти. За медиумите таа раскажува кои се нивните желби и најчести барања при купување на недвижност.
Меѓу најнеобичните барања, таа го истакнува барањето за т.н. „сигурна соба“, во која ќе бидат складирани сите потребштини за подолг период, за случај на некаков напад или војна. Таа потврдува дека ги исполнувале ваквите желби на клиентите, иако за среќа се уште никаде никој не ги употребил.
Уште еден куриозитет лежи во констатацијата дека и славните имаат свои идоли. Така на пример пејачката Мараја Кери пред неколку години била категорична во намерата да ја купи куќата во која живеела Барбара Стерјсенд која била нејзин идол.
Некои барале посебен фрижидер само за чување парфеми, а други пак кошници со пчели на покривот, бидејќи биле љубители на свеж мед. Не редок бил и примерот клиентот првпат да ја види куќата дури откако ја купил, каков што бил случајот со Леонардо Ди Каприо.