Австралискиот архитект Џеси Бенет проектира необична архитектонска убавица во Квинсленд, Австралија, и привлекува внимание како со својот екстериер така и со ентериерот потпишан од страна на дизајнерката Ен-Мари Кампањоло.
Куќата е насловена Planchonella, и е дизајнирана со идеја дека со повеќе простории да се создаде удобен простор за секојдневниот живот, а во исто време ентериерот да биде инспиративна и функционален за станарите.
Бидејќи е сместена во прекрасна природа, при градењето се користени експериментални методи кои се користат во пасивниот дизајн за да се задржи комфорниот распон на температурата и климата во куќата.
Пасивниот дизајн, исто така, ја намалува или целосно ја елиминира потребата за дополнително греење или ладење, која сочинува околу 40 отсто од потрошувачката на енергија во просечна австралиска куќа.
Куќата е целосно прилагодени на пределот во кој се наоѓа, следејќи ги неговите кривулести линии со својот облик.
На тој начин, куќата не доминира над природата, туку станува составен дел.
Големи стаклени ѕидови на фасадата ја бришат границата помеѓу екстериерот и ентериерот за да може во секое време да се уживаат во прекрасната природа.