Насловна / Арт и дизајн / Исидора – скулптурална маса за кафе

Исидора – скулптурална маса за кафе

Дизајнерското студио од Лос Анџелес, Kelly Wearstler, го основала во 1995. година истоимената дизајнерка.

Нејзиниот пристап на дизајнот е фокусиран на креирање слоевитеи, стимулирачки, сензитивни искуства за резиденцијални, угостителски и комерцијални проекти. Пример за овој пристап е Исидора – маса за кафе, парче мебел кое комбинира скулптура и функционалност.

1_resize 3_resize

Оваа маса за кафе содржи база направена од шест нозе, лиени од бронза, кои се рачно полирани поради автентичност. Од шест, вкупно три нозе се свртени кон горе за да ја поддржуваат горната површина на масата, а останатите три се поддршка на конструкцијата. Горната површина е направена од стакло во рамка од истата нијанса бронза.

4_resize 2_resize

Исидора скулптуралната маса за кафе со својата форма претставува парче мебел кое паѓа во очи каде и да се постави. Масата се прави по нарачка и на достава се чека 24 недели, а нејзината цена изнесува 28.995 долари.

Испрати коментар

Scroll To Top