Екипите на ЈП „Улици и патишта“ во текот на изминатиот месец рачно ги чистеа косините и коритото на реката Вардар од нискостеблеста вегетација.
Чистењето се спроведе на потегот од Луна Парк во правец кон мостот Гоце Делчев од двете страни на косините и на коритото во должина од 1.300 метри. Исто така, целосно се исчистени косините од двете страни, како и коритото на реката Вардар на потегот од мостот кај Холидеј ин до мостот на Железничка станица во должина од 800 метри. Екипите на ЈП „Улици и патишта“ рачно исчистија од нискостеблеста вегетација вкупно 4.200 метри.
Рачно е исчистена нискостеблестата вегетација и на двете страни на косините на коритото на Усјански канал на територијата на општина Аеродром, од улицата Горно Лисиче до железничката пруга, во должина 680 метри, како и во општина Кисела Вода, од населбата Усје до железничката пруга во населбата Градинар, во должина од 1.135 метри.
Екипите на ЈП„Улици и патишта“ рачно исчистија вкупно 3.630 метри од Усјанскиот канал, кои беа обраснати со густа вегетација.