Санирани се 27 депонии и уредени 22 зелени потези на територијата на Општина Аеродром во рамки еко-акцијата што од 29 ноември до 4 декември беше спроведена во соработка со Град Скопје.
На терен во рамки на акцијата, како што информира општина Аеродром, биле ангажирани 1.000 луѓе.
Во акцијата расчистени се осум локации во населбата Јане Сандански, четири во Ново Лисиче, пет во Реонски Центар „Аеродром“ и Лисиче и десет во Мичурин, Стар Аеродром и Острово.