Насловна / Вести / Ирска: Првата земја во светот што им врти грб на нафтените гиганти

Ирска: Првата земја во светот што им врти грб на нафтените гиганти

Република Ирска ќе стане прва земја на светот која ќе ги распродаде своите инвестиции во индустријата на фосилните горива. Предлогот наишол на поддршка од сите партии на долниот дом на Парламентот.

Според податоците од јуни минатата година, 418 милиони евра од државниот инвестициски фонд, тежок 8 милијарди одел на јаглен, нафта, гас и тресет, распореден на 150 различни компании. Доколку овој предлог се преточи во Закон (тоа се очекува до крајот на годината), фондот ќе биде обврзан своите инвестиции во фосилни горива да ги распродаде “во најкраток можен рок“. Со тоа, Ирска ќе биде првата држава во светот која ќе им сврти грб на нафтените гиганти, иако многумина противници на оваа идеја тврдат дека доколку државата остане во овој бизнис ќе има влијание врз донесувањето на одлуки во насока на извесна одржливост на овој сектор.

Нацрт законот дефинира фосилна компанија како компанија која остварува 20 или повеќе проценти од својот профит преку истражување, вадење и преработка на фосилни горива.

„Владите во светот не ќе можат да ги исполнат своите обврси од Парискиот договор за климата, доколку и натаму ја финансираат индустријата на фосилните горива. Земјите ширум светот мора да го следат примерот на Ирска“ изјавил Гери Листон од Глобалната мрежа за правна акција.

Ireland1

Испрати коментар

Scroll To Top