Ирска е првата земја во светот која во целост престанува да инвестира во проекти поврзани со екплоатација на фосилни горива, јавува Independent. Ирскиот парламент го поддржа со гласови 90:53 овој историски закон кој значи крај з аинвестициите во јаглен, нафта и гас.
Thomas Pringle, член на парламентот кој го предложи овој закон, вели „ова е порака на глобалните корпорации дека нивната постојана манипулација со науката за климата, негирањето на постоењето на климатските промени и нивната контроверзна пракса на лобирање кај политичарите ширум светот веќе нема да се толерира“