Иран ќе изгради два нови нуклеарни реактори со помош на Русија, изјави Али Акбар Салехи, шефот на Иранската организација за атомска енергија (ОИЕА).
– Работата за изградба на два нови нуклеарни реактори во Бушер ќе почне на 10 септември и ќе трае десет години, изјави синоќа Салехи.
– Ќе заштедиме 22 милиони барели нафта годишно со изградбата на двата нови реактори, истакна Салехи, и дополни дека трошоците за проектот се проценети на 10 милијарди долари.
Шефот на ОИЕА, кој е воедно и потпретседател на Иран, го спомена „договорот за соработка“ со Русија за изгрдбата на реакторите но не наведе повеќе детали за партнерството.