Насловна / Дневни Вести / Пуштена во употреба жичарницата од Средно Водно до Милениумскиот крст

Пуштена во употреба жичарницата од Средно Водно до Милениумскиот крст

zicara_thumb.jpg

Скопје  Градскитевласти денеска ја пуштија во употреба жичарницата од Средно Водно доМилениумскиот крст.

На жичарницата има 28 обични гондоли за осумлица и две ВИП за четири лица. Гондолите од надворешната страна се опремени содржачи за велосипеди. Трасата е долга 1.750 метри, а возењето од Средно Воднодо Милениумскиот крст ќе трае од шест до осум минути.

Изградбата на жичарницата почна во мај минатата година и чинеше 6,7 милиони евра. Ја градеше австриската фирма „Допелмаер“ чија понуда беше избрана како најповолна на тендерот, а ЈСП „Турс“ ќе стопанисува со неа.

Возењето со жичарницата возрасните лица ќе ги чини 50 денари, а за децата и за пензионерите ќе биде бесплатно. 

За оваа цел ЈСП „Скопје“ обезбедува  јавен превоз на релација Транспортен центар – Средно Водно. Автобусите ќе бидат означени со ознака „Милениумски крст“. Трасата на движење на автобусите  е – Транспортен центар, Комплекс Банки, Југодрво, Градска болница, Плоштад, Рекорд, Клинички центар, Панорама, Средно Водно и обратно. Цената на возните билети е иста како за градските линии.

 (МИА)

zicara.jpg

 

Испрати коментар

Scroll To Top