Градоначалникот на Штип, Зоран Алексов ги повика сопствениците на ламаринени гаражи да ги отстранат своите нелегални конструкции во најкраток можен рок. Во процедура е постапка за распишување на оглас за лицитација на градежно зeмјиште за изградба на деловно-станбени објекти, на кое се лоцирани гаражите.
Станува збор за 14 локации со над 60 лимени гаражи кои се поставени нелегално, без никакви дозволи и на државно земјиште:
Доколку во рок од десетина дена сами не ги отстранат гаражите, општината ќе спроведе активности во рамките на законот.
Инаку во моментов се спроведува проект за евиденција на дивоградбите во општините Штип и Карбинци. Се формираат комисии кои за еден месец треба да излезат на терен и да ги евидентираат дивоградбите. Податоците ќе бидат внесени во софтвер кој ќе биде база на податоци за урбаниот хаос.
(Порта3)