Насловна / Архитектура / Отворен простор со природни материјали и едноставни форми

Отворен простор со природни материјали и едноставни форми

otvoren-prostor-1.jpgКуќата Бер е најновиот проект и ремек-дело на архитектонското студио
Nico van der Meulen и дизајнерите на ентериерот од студиото M Square
Lifestyle Design. Смелиот и ултрамодерен концепт на проектирање во
потполност одговара на современиот начин на живеење во Јужна Африка.
Проектот ни покажува што се случува кога гранитот, стаклото и челикот,
светлината и водата, ќе се најдат едно покрај друго.

 

На тимот архитекти од ова студио, најважно им било како да го отворат просторот на куќата и со тоа да го подобрат циркулирањето на воздухот, што е неопходен во врелите летни денови во овој дел од светот. На сопствениците им е овозможено да уживаат во природата што ги опкружува. Направен е естетски убав и единствен објект, претставен како секвенца од неправилни челични профили. На челичната носечка конструкција се поставени челични шипки, кои првично биле замислени како решетки, кои ќе ја обезбедуваат куќата, но визуелно станале интересни и сега се карактеристични за оваа куќа, која според авторите се разликува од останатите во околината.   otvoren-prostor-2.jpg   Куќата има едноставна правоаголна форма и e проектирана околу дневната соба, која е замислена како центар во кој се одвива секојдневниот живот во овој дом. Транспарентни и речиси невидливи стаклени врати и панели, беспрекорно ја одвојуваат внатрешноста од надворешноста, така што оние што за прв пат доаѓаат во оваа куќа се прашуваат дали се внатре или надвор? Дизајнерите од M Square Lifestyle Design ја демонстрираат нивната способност да работат со природни материјали и едноставни форми. На белите и осветлени плафони им додаваат темен контраст и ја нагласуваат различноста помеѓу различни текстури и форми, што создава состојба на исчекување кога се движите низ куќата.   otvoren-prostor-3.jpg   Дневната соба, трпезаријата и кујната се отвораат спрема пространата наткриена тераса со лизгачки врати без рамки, што е извонредна идеја затоа што го зголемува просторот и го прави извонреден за седенки и забави во долгите и топли лета на Јужна Африка. Внатрешните ѕидови речиси и да ги нема, со што е создаден спектакуларен животен простор со голема површина. Кровот се 070-551-VB надвиснува над терасата, која е потпрена на челични греди и е со еден дел над базенот во висина на првиот кат. Резултатот е современ дом со отворен простор, идеален за семеен живот и забава. otvoren-prostor-4.jpg   otvoren-prostor-5.jpg   Кујната и трпезаријата овозможуваат поглед “од првиот ред” кон дневната соба, базенот и сè она што се случува надвор. Од дневната соба водат скали кон катотот. Поставени се како да лебдат во просторот. Спалните соби се на катот, со свои купатила, и тие гледаат кон балконот. Симбиозата помеѓу ентериерот и екстериерот е видлива во спалните соби и купатилото. Столбовите не се забележуваат и се создава впечаток како кровот да лебди над нив. Студиото M Square Lifestyle Design го дизајнирале ентериерот, кој го одразува богатствотото и најновите трендови во дизајнот. Тоа се гледа во 920-121 аспектите како што се успешното користење на афричкиот гранит по ѕидовите и подот, користењето на светилките за креирање на еден динамичен слој во просторот, поставување на модернистички скулптури.   otvoren-prostor-7.jpg   otvoren-prostor-6.jpg Стратешкиот распоред на мебелот го дели просторот за различни активности и на тој начин го промовира за интерактивен семеен живот. Применета е современа палета на бои како би се унапредила темата за современиот ентериер. Крајниот резултат е простор кој е отворен, модерен, топол и извонредно допадлив. Мебелот е производ на најпознатите европски дизајнери и производители.   Ангел Ситновски, дипл.инж.арх.

Испрати коментар

Scroll To Top