По три години од изградбата на континентот на најекстремните климатски услови, почнува да работи Истражувачката станица на бразилската морнарица на јужната хемисфера.
Ремек-делото на архитектурата и градежништвото е водено од страна на архитектонската фирма Студио 41. Фирмата победила на конкурсот, кој се организирал од страна на бразилската морнарица во соработка со бразилскиот Институт за архитектура во 2012 година, откако претходниот објект бил уништен во пожар.
Студио 41 имале сериозна задача да проектираат објект кој би бил во согласност со климатските услови на оваа област. Соодветно на тоа, зградата е изградена преку челична конструкција со тежина од 700 тони, а аеродинамичната форма е отпорна на ветровите до 200 километри на час.
Поради растојанието од цивилизацијата, станицата има своја инфраструктура за електрична енергија, вода, канализација и телекомуникации. Комплексот на истражувачката станица содржи 18 лаборатории во главната зграда, седум изолирани единици, хелиодром и кули за генерирање на енергијата на ветерот.
Проектот на истражувачката станица има и стратешко и симболично значење за архитектурата на Бразил. Првенствено, ова е еден успешен проект кој се спроведува во рамките на јавен оглас, што до 2013 година беше многу редок случај во Бразил.
Друг важен показател за успехот на проектот е користењето на технологијата BIM (Building Information Modeling) во развојот на комплетен проект. БИМ служи како врска меѓу архитектите и инженерите на проектот како да се усогласат различни технички аспекти на дизајнирање и ставови за истата тема.
Тука е секако и меѓународниот карактер, имајќи предвид дека Бразил на овој проект во вредност од 370 милиони долари, соработувал со кинеската компанија China National Electronics Imorts and Exports Corporation. Бразилските инженери пред почетокот на изведување на објектот имаат поминато една година во Кина каде ја имаат надгледувано подготвителната работа.