Кина е земја на бројни чуда и рекорди. На пример, нa 6-ти јануари 2022 година, во Кина е пуштен во сообраќај првиот автономен брз воз на светот, специјално за Олимписките игри. Но, доколку ова не е доволно импресивно, во продолжение презентираме уште едно инженерско чудо. Станува збор за железничката станица Badaling Great Wall, која се наоѓа на околу 800 метри од влезот во Бадалинг – најпопуларниот дел од Кинескиот ѕид.
Со цел столетниот споменик да се заштити од конструктивни оштетувања, железничката пруга и станицата се изградени длабоко под земја. Поточно, се простира на 36.000 квадратни метри, и 102 метри под земјата, така што е најдлабока и најголема станица на брзата железница на светот. Изградбата на оваа станица, која вклучува и 12 километри долг систем од тунели, сместени под еден од најграндиозните споменици под заштита на УНЕСКО, воопшто не била едноставна.
Инженерите користеле исклучително прецизни и осетливи уреди за мерење на експлозиите, со цел ударите да не бидат поголеми од вибрациите предизвикани од одењето по Кинескиот ѕид. Со изградбата на оваа станица, започнато е во 2016 година, и таа го скратува патот од Пекинг до овој дел на Кинескиот ѕид, од претходните 1,5 часа на само 27 минути. Исто така таа ги опфаќа вторите по големина ескалатори во светот, долги 88 метри и високи 42 метри.