Насловна / Вести / Инвеститорите бараaт од Volkswagen отштета од 8,2 милијарди евра

Инвеститорите бараaт од Volkswagen отштета од 8,2 милијарди евра

Вложувачите на германскиот производител на автомобили и возила Volkswagen (VW) поднеле 1.400 тужби, барајќи од компанијата 8,2 милијарди евра отштета поради скандалот со фалсификување на податоците за емисијата на штетни гасови преку специјалниот вграден софтвер, објави германскиот суд.

Инвеститорите тврдат дека компанијата правовремено не објавила детали од случајот, па загубиле пари, имајќи предвид дека по избувнувањето на скандалот цената на акциите на групацијата за два дена потона дури за 40 отсто.

Најголемиот дел од побарувањата во вкупен износ од 9,1 милијарди долари отпаѓаат на „врзаните“ тужби од повеќе тужители, од кои многу се приватни инвеститори, наведе судот од Брунсвик, во непосредна близина на седиштето на VW во Волфсбург.volkswagen

Меѓу тужителите е и американската влада и неколку германски сојузни држави, како и „Blackrock“, најголемиот управувач со имот во светот, и групата институционални акционери кои го тужат VW за две милијарди евра.

Портпаролот на Volkswagen во четвртокот го повтори ставот на компанијата дека веруваат оти „сеопфатно ги исполниле своите обврски според законот за пазарот на капиталот и дека тужбите се неосновани“.

Вложувачите побрзаа да ги поднесат барањата за отштета на судот во Брунсквик пред истекот на рокот за кој проценуваат дека ќе изнесува една година. Само на почетокот од оваа седмица регистрирани се 750 нови барања.

Од судот соопштија дека ангажирале повеќе службеници и изнајмиле дополнителен простор за обработка на големиот број барања кои го сочинуваат половината од нивните случаи во просечните години. „Комплетната регистрација на досега пристигнатите барања би требала да биде завршена за четири седмици“, се наведува во судското соопштение од средата.

Во Volkswagen за намирување на правните последици од скандалот резервирале 18 милијарди евра. Досега се согласија да платат вкупно 15 милијарди долари отштети и казни само во САД. Аналитичарите, пак, проценуваат дека вкупниот износ на тие трошоци за германската компанија би можеле да достигнат до 35 милијарди евра.

Испрати коментар

Scroll To Top