Инвеститорите и акционерите на германскиот автомобилски Volkswagen (VW) поднеле 1.400 тужби, преку кои бараат оштета од 8,2 милијарди евра, заради скандалот со искривувањето на податоците за емисијата на штетните гасови, објави германскиот суд.
Инвеститорите тврдат дека производителот на автомобили не ги објавил на време деталите за случајот, па изгубиле пари, бидејќи по избивањето на скандалот цената на акциите на компанијата паднала за 40 % во рок од два дена.
Најголемиот дел од побарувањата, во вкупна вредност од 9,1 милијарди долари паѓа на врзани тужби од повеќе тужители, од кои најголемиот дел се приватни инвеститори, во средата наведе судот од Брунсвик, кој се наоѓа во непосредна близина на седиштето на компанијата во Волфбург.
Меѓу тужителите се американската влада, неколку германски сојузни држави, Blackrock – најголемиот управител со имот во светот, и збир од институционални акционери кои го тужат Volkswagen (VW) за две милијарди евра.
Портпаролот на VW го повтори ставот на компанијата односно дека веруваат во „целосното исполнување на нивните обврски кон законот за пазар на капитал и дека тужбите се неосновани“.
Инвеститорите побрзале да поднесат барања за оштета до судот во Брунскви пред истекот на рокот за кој се проценува дека ќе биде година дена. Само на почетокот на оваа недела се регистрирани 750 нови барања.
Од судот информирале дека ангажирале дополнителни службеници и изнајмиле додатен простор за обработка на големиот број на предмети, кои го дуплирале нивниот обем на работа, споредено со претходните години.
Комплетната регистрација на досега пристигнатите барања треба биде завршена за четри недели, се наведува во соопштението од судот.
За намирување на правните последици од скандалот, VW резервирал 18 милијарди евра. Досега се имаат согласено да платат оштети во вредност од 15 милијарди долари само во САД.
Аналитичарите предвидуваат дека вкупната вредност на оштетата може да достигне 35 милијарди евра.