Насловна / Вести / Инвестициски самит на земјите од Западен Балкан

Инвестициски самит на земјите од Западен Балкан

Evropska banka vlez

Европската банка за обнова и развој (EBRD) соопшти дека на 22-ри февруари 2016 година во Лондон ќе се одржи Инвестициски самит на Западниот Балкан. Како што се наведува во соопштението, целта на овој настан е да се истакнат потенцијалот и деловните можности на регионот, но и да се промовираат директните инвестиции и прекуграничните проекти.

Во рамките на самитот ќе бидат организирани три панели посветени на регионални проекти и можности за финансирање во енергетската и сообраќајната инфраструктура. Се очекува на настанот да присуствуваат премиерите од регионот, министри и водечки стопанственици. Првиот Инвестициски самит за Западен Балкан е одржан во февруари 2014.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top