Насловна / Арт и дизајн / Инвалидска количка за папата со изгорени дабови греди од Нотр Дам

Инвалидска количка за папата со изгорени дабови греди од Нотр Дам

Францускиот занаетчија и дизајнер Paul de Livron ja претстави дрвената инвалидска количка Apollo, иновативен пристап за помагалата за движење што го спојува еколошкиот дизајн со естетската привлечност и високите перформанси. Изработена од дрво, оваа инвалидска количка е прва (и единствена) во светот од ваков вид, а нејзиниот прв корисник е – папата Франциск. Овој модел на папата амбициозно вклучува две парчиња целосно јагленисани дабови греди од 12. век од катедралата Нотр Дам за наслони за раце.

2

Препознавајќи го потенцијалот за справување со предизвиците за мобилност на глобално ниво – вон личната колекција на папата – de Livron настојува да обезбеди достапни решенија во земјите во развој, користејќи локално достапни ресурси и евтини и некомплексни алатки за да создаде различни прилагодени инвалидски колички. Без други такви еквиваленти на пазарот, Apollo дрвените инвалидски колички би можеле да се создадат како бесконечен број на нови модели кои ги задоволуваат различните потреби на децата, постарите, активните, седечките, сиромашните, па дури и богатите.

1

Локални материјали и некомплексно ппроизводство за инклузивност

Paul de Livron, кој е експерт за се на тркала, со искуство во инженерството, паднал додека планинарел во 2013 година, ја скршил кичмата и е осуден да користи инвалидска количка до крајот на својот живот. Никогаш не бил задоволен со скапите, врвни инвалидски колички што ги купил, па тргнал да прави свои модели. По проучувањето на голем број алтернативи, во 2022. година францускиот дизајнер конечно осмисли иновативна архитектура за инвалидска количка која користи материјал дрво.

4

Привлечноста на креациите на Paula de Livrona, неочекувано открил, лежи во нивното трансформативно влијание врз перцепциите за мобилноста. Додека се движел низ Париз, го пронашол својот прв прототип кој привлекувал љубопитни погледи, вкоренети во восхит, а не во типично сожалување на кое наидувал, поради неговите елегантни и топли линии. „Револуционерно откритие: оваа дрвена инвалидска количка има супермоќ“, забележува: „Тоа го менува начинот на кој луѓето гледаат на работите. Кога ќе земете во предвид дека многу луѓе во инвалидски колички не ги напуштаат своите домови поради страв од туѓите погледи, како можете да не се одлучите да се посветите на развојот на овие нови модели кои веројатно ќе се борат против оваа деструктивна слабост?“

6 5

Paul de Livron изработува модел за папата

Во мај 2023. година во Ватикан, на Ппата му е претставен трет, подобрен прототип – на некој што користи инвалидска количка секој ден за да се справи со болките во коленото поврзани со возраста.

7

Папскиот модел има вградено дрво од изгорената средновековна рамка на култната катедрала Нотр Дам, а е изградена за само четири месеци, со технички иновации и богатство на религиозни симболи и естетски детали. Оттогаш е потврдено дека инвалидската количка го нашла својот дом во приватниот стан на папата Франциско, но тој допрва треба да се појави јавно седнат во неа.

9

дрвената инвалидска количка на папата Франциск

За своите следни чекори, Paul de Livron планира да ја искористи сета возбуда поврзана со претстојните Олимписки игри во Париз за да покаже дека еко-одговорната, естетска, удобна и инвалидска количка со високи перформанси е француска иднината. Ова го инспирирало концептот на четвртиот прототип – самопрогласената „најубава инвалидска количка во универзумот“.

8

Испрати коментар

Scroll To Top