Новата изложба во просторитте на Francesca Maffeo Gallery во гратчето Leigh-on-SeaЛи-на-Море, Есекс, Англија, открива досега невидени фотографии на легендарниот пејач Дејвид Боуви, кои на заеднички патувања ги снимил неговиот пријател од детството Џеф Меккормак. Оваа веќе престижна галерија која постои само неколку години, е специјално отворена за фотографски изложби.
Пејачот, чие заминување сеуште не сме го прифатиле во целост, повторно се врати на јавноста преку серија на интимни фотографии направени од страна на неговиот близок пријател од детството Џеф Меккормак. Имено, Боуви многу се плашел од летање со авион и во 1973 година, го повикал Меккормак да оди со него на патување со брод од Лондон до Њујорк, а потоа од Лос Анџелес до Јапонија. Потоа од Јапонија тргнале кон Русија користејќи ја трансибирската железница, а потоа заминале во Париз и Рим.
На оваа „долга забава“, како што Меккормак ја нарекува, тој го има документирано речиси секој сегмент на нивното патување како и самиот пејач во својот интимен амбиент. Тогаш, Боуви бил на врвот на својот успех, па така изложбата David Bowie, The Geoff MacCormack Collection, дава увид во уште еден аспект од неговиот живот. Така, сите фанови на Дејвид Боуви повторно можат да уживаат во погледот на неговите „нови“ фотографии.