Насловна / Вести / Интервју: Како македонската едрилица Илинденка е донесена во Скопје (ВИДЕО)

Интервју: Како македонската едрилица Илинденка е донесена во Скопје (ВИДЕО)

Историски највредното летало на статичен дел на големото аеромитинг во Скопје со кој се одбележа јубилејот – 100 години Македонска авијација, а кој се одржа минатиот викенд на спортскиот аеродром Стенковец кај Скопје, беше ЈУ-4109, едрилицата Илинденка. Откако никогаш во својата пензија (од 60-тите години на минатиот век) не излегла од депото на Музејот на југословенско воздухопловство во Белград, пред неколку недели е испорачана во Македонија, привремено.

e1

Како што изјави за порталот Tango Six директорот на Аероклуб Скопје, Дејан Саздовски, благодарение на новиот момент во односите меѓу Србија и Македонија преку економско-политичката иницијатива Отворен Балкан, македонските воздухопловци го анимирале премиерот, кој, како што вели Саздовски, побарал од претседателот на Србија Илинденка да се врати во Македонија на една година. По три месеци комуникација со Министерството за одбрана на Србија, едрилицата е префрлена во Скопје.

e2

Според договорот, едрилицата ќе биде изложувана во Македонија на различни локации оваа една година како „свет грал на македонската авијација“,вели Саздовски. Тоа е единствениот авион проектиран и произведен во Македонија.

Аероклуб Скопје планира да изврши дополнителна реставрација на авионот во следните три месеци, а се надеваат дека по неговото враќање во Белград ќе биде изложен во постојаната поставка на Музејот на воздухопловството.

e0

Погледнете повеќе за проектот за префрлање на едрилицата во Македонија и плановите на Аероклуб Скопје за реставрација на Илинденка погледнете во интервјуто со Дејан Саздовски за Tango Six.

Испрати коментар

Scroll To Top