Од 10 до 12 јуни 2015 година во Минхен ќе биде одржан саем за соларната енергија „Intersolar Europe“. Во рамките на оваа манифестација ќе се зборува за иновациите од областа на соларната енергија, новите технологии, соларните централи и сл. Ќе бидат одржани повеќе работилници во врска со проектирањето на соларни постројки како и моделите на финансирање.
Пред одржувањето на саемот односно изложбата „Intersolar Europe“, на 9 и 10 јуни ќе биде одржана работилница и коференција за соларната техника на која експертите ќе одговараат на прашања и ќе коментираат на популарни теми од оваа област
Манифестацијата „Intersolar Europe“ е една од најзначајните во оваа област.