Дизанјирано од архитектонското студио Studio O+A, новото седиште на светски познатиот интернет-водич и бизнис компанија Yelp е сместено во типична арт деко висококатница, во финансискиот дистрикт на Сан Франциско.
Расположливоста со повеќе катови ги инспирирало дизајнерите да се фокусираат на концепт на создавање вертикален кампус, кој совршено би ја подобрил групната динамика и интеракцијата помеѓу различните сектори.
Со цел да се создаде серија на меѓусебно поврзани отворени простори, постоечките партиции и врати се отстранети, дефинирајќи индустриски израз чија завршна обработка се карактеризира со соголена тула и бетонски плафони.