Од авторите на Museum Of The History Of Polish Jews во Варшава, доаѓа ова решение кое е влезено меѓу финалистите на конкурсот за Музејот на одбраната и опсадата на Ленинград во Санкт Петерсбург. Lahdelma & Mahalmäki Architects во соработка со Ralph Appelbaum Associates, своето проектно решение го конципирале во три главни делови: Патека на животот (музеј и изложба), Меморијал на хероите на Ленинград и Плоштад на сведоштвото. Објектот е одлично вклопен и претопен во паркот што го опкружува, но сепак има интимност и тишина давајќи му на овој музејски комплекс мирна атмосфера. Преку белите скали над музејот и изложбениот простор од Патеката на животот, посетителите имаат можност да уживаат во прекрасниот панорамски поглед на Санкт Петерсбург.