Славната модна куќа „Кристијан Лакроа“ склучи договор за соработка со производителот на опрема за осветлување и ламби, компанијата „Форестие“.
Двете компании одлучиле да ги здружат креативната моќ и знаење, а резултатот е збирка на светилки и ламби инспирирани од флорални мотиви.
Збирката се состои од четири различни модели на светлечки тела: лустер Frondaison, столна ламба Jeune Pousse, ѕидна ламба Branchages и подна ламба Arbuste.
„Одлично се забавувавме осмислувајќи ги различните ламби, за да се отелотвори мотивот на растителниот свет, а во исто време да се задржи современата форма и линија“, коментира Саша Валкхоф, креаторот на колекцијата, реферирајќи на двете опции на принтови, кои на крајот завршиле во игра: Canopy – настрешница која имитира мотиви од шарени тропски цвеќиња, и Barbade – графички принт кој имитира испреплетени трски.