Насловна / Архитектура / Интересна пешачка патека во Калкута

Интересна пешачка патека во Калкута

Pesacka pateka Kalkuta

Компанијата „Design Forum International“ ја претстави новата 380 метри долга пешачка патека под името „Dakshineswar Sky Walk“. Овој проект е направен со цел подобрување и олеснување на движењето на пешаците од/кон „Dakshineswar Kali“ храмот во Калкута, Индија. Се наоѓа на бреговите на реката Ганг на врвот од северниот дел на градот.

Pesacka pateka Kalkuta4

„Dakshineswar Kali“ храмот е еден од најпочитуваните светилишта во хиндуизмот, кој ги привлекува верниците во текот на целата година. Последните години, патиштата што водат кон храмот стануваат премногу фреквентни од мноштвото возила, пешаци, мали продавници и киосци.

Pesacka pateka Kalkuta1

Како одговор на таа состојба, „Dakshineswar Sky Walk“ ќе претставува динамично решение за проблемот на самото место. Подигнатата патека има широчина од 10,5 метри, 12 ескалатори и четири лифтови. Целиот појас на „Dakshineswar Sky Walk“ е поделен на модули со должина од по осум метри.

Pesacka pateka Kalkuta2

Секој од модулите е самостојна целина во која може да бидат сместени мали продавници, со што ќе се дислоцираат малите дуќанчиња од улиците. Дополнително, патеката ќе биде поврзана и со соседните перони, па во храмот ќе може да се стигнува директно од железничката станица.

 

 

 

 

 

Извор: gradjevinarstvo.rs

Испрати коментар

Scroll To Top