Овој стан е речиси вообичаен. Тој по својата површина и состав е ист со становите во кои повеќето семејства живеат. Становите со дневна соба, кујна и трпезарија во јавниот дел и две до три спални соби во интимниот дел од станот се секојдневие во секое општество.
Она што го прави посебен овој стан е тоа што неговото ентериерно уредување е иновативно и интересно. Дневната соба е во интегриран простор со трпезаријата и кујната, и сè заедно претставува простран простор кој е надополнет со употреба на бела боја во изобилство, што го надополнува впечатокот за пространост.
Спалната соба на двете деца е заедничка. Мострите што се појавуваат на ѕидот и претставуваат полици се во триаголна форма. Истата форма се повторува и на плафонот, но овој пат таму се сместени плафонските светилки.
Освен ова, интересен детаљ во детската спална соба е тоа што во еден од аглите на собата се поставени неколку справи за вежбање.
Спалната соба на родителите, со својата материјализација дава поголемо чувство на интимност и опуштеност. Исто така, тука се поставени шестаголни мостри кои даваат 3Д печат на еден од ѕидовите во собата.