Насловна / Архитектура / Интересен ентериер на средно училиште

Интересен ентериер на средно училиште

Sovremena gimnazija1

Просториите на „Современа гимназија“ во Белград нудат сосема поинаква претстава од стереотипот за училиштата. Се работи за едно од најиновативните училишта во регионот, кое на учениците им нуди многу повеќе од класичниот начин на настава, па не случајно и ентериерот е навистина авангарден. Еден од клучните концепти е Intelligent Classroom. Станува збор за училници кои се опремени со најсовремена технологија, па предавањата се навистина интерактивни.

Gimnazija belgrad

Зелените табли се минато, а на располагање учениците имаат лаптоп и iPad. Секој ученик има пристап до online платформата за помош при учењето, преку која се испраќаат и домашните задачи. Училиштето има и простор за рекреирање, како фитнес сала, билијард и модерен ресторан. Особено впечатливо катче е т.н. ScienceHub односно добро опремена лабораторија за природни  науки. Генерално, заклучокот е дека се работи за еден многу успешен модерен дизајн во живи бои, па веројатно и учењето во ваква средина носи помалку страв, стрес и притисок.

Gimnazija sovremena-gimnazija2 GImnazija sovremena sovremena gimnazija Gimnazija enterier

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top