Во трејлерот за новиот документарен филм за Bjarke Ingels, данскиот архитект и основач на компанијата BIG (Bjarke Ingels Group) може да се види и анксиозноста и притисокот што тој ги чувствува додека креира „екстраординарна“ архитектура. Насловот на филмот е „BIG Time“, и буквално го следи 42-годишниот архитект од неговата дневна соба па до градилиштата каде се во тек неговите проекти.
Трејлерот содржи и кадри со скенови на мозокот на архитектот, и тоа е посебен куриозитет, бидејќи токму за време на снимањето тој претрпел потрес на мозокот. Документарецот е дело на Kaspar Astrup Schröder, а својата премиера ќе ја има на Фестивалот за архитектура во Копенхаген (Copenhagen Architecture Festival) на 25 април. Од 3 мај ќе се прикажува низ киносалите во Данска.
Видео:
https://vimeo.com/209374577