Rob Ley од Urbana Studio ја комплетираше интерактивната уметничка фасада направена од 7.000 аголни метални панели додадени на структурата за паркинг на Болницата Ескенази во Индианаполис, Индијана. Предизвикот отпочна со предизвикот за трансформација на типичниот поим на паркинг структура во интерактивен, синтетички терен.
Поле од 7.000 аголни метални панели во конјукција casino online со артикулираната источно-западна боја од фасадата, креира динамична фасада која на набљудувачите им доловува уникатно визуелно искуство што зависи од нивната гледна точка и од темпото со кое тие се движат по страната.
На таков начин, пешаците и оние што побавно се движат со возила ќе имаат прекрасна глетка кон забележителната, шарена промена во бојата и транспарентноста на фасадата, додека се движат кон болницата, а пак, возачите низ W.Michigen street ќе имаат подинамична, побрза, градиентна палета од тонови што ќе се менува во зависност од нивниот правец на возење.
Rob Ley – May September from Urbana on Vimeo.