Во чест на Светското фудбалско првенство, што ќе се одржи оваа година во Бразил, „Кока-Кола“ го претстави посебниот дизајн на 18 мини шишиња. Тоа не се само обични шишиња на овој популарен пијалак, туку вистински уметнички дела на кои се претставени знамињата на држави во кои се одржало или во иднина ќе се одржи Светското првенство. Па така, претставени се Аргентина, Јапонија, Бразил, Русија, Катар, и многу други.
Шишињата имаат и интерактивна компонента – нивните купувачи можат да испратат посебни пораки до други сопственици на шишињата со помош на Facebook и со апликации за iPhone или Android. И ако шишето го доближите поблиску до камерата на паметен телефон, специјални маркери на неа активираат анимација на виртуелна реалност.