Во Хрватска, особено во Загреб, Риека и Осијек, во пол ек е енергетската реконструкција на станбени згради. Оваа реконструкција создава многу можности и за непосредните корисници, но и за голем број проектанти, изведувачи на градежни работи и производители и дистрибутери на градежни материјали. Тоа значи раст за градежниот сектор во целина, но оваа ситуација создаде и одредени проблеми. Имено, производителите на термоизолациони фасадни системи се најдоа на „слатки маки“. Строгата регулатива во однос на заштита од пожари, налага употреба на негорливи термоизолациони материјали на фасадите и покривите на станбените згради и зградите за јавна намена како на пример училишта и болници. Како последица на ова, исклучително е зголемена побарувачката на камена волна, која ги исполнува овие критериуми. Токму овој термоизолационен материјал, во моментот е многу тешко да се најде на пазарот во Хрватска. Ако се направи нарачка денес, испораката ќе може да се очекува во мај.
Со проектот за енергетска обнова на зградите во Хрватска, обезбедени се средства (главно преку ЕУ фондовите), за 600 станбени и околу 150 јавни објекти.