“Occupational Activity Center INCE” е установа за работа со возрасни лица со душевни и физички пречки, лоциран во словенското гратче Менгеши. Проектот на Јереб и Будја архитекти го преиспитува вметнувањето на современата архитектура во сценографијата на едно рурално и историско опкружување.
Објектот се наоѓа покрај поток, на изразито издолжена парцела, и осмилен е така, да ја следи типологијата на населбата во која настанува, како и организациските карактеристики на старите куќи и имоти, познати по одвоените јавни дворови кон патот и внатрешните приватни дворови од другата страна на објектот.
Во проектот се користени типични словенски елементи на градба како што е ганк (посебен вид на балкон), дрвени компоненти и специфични форми на кров, кои визуелно го намалуваат самиот објект и го приспособуваат на мерките на околните куќи. Динамичниот двостран кров ја следи во целост типологијата на градбите во селото.