Насловна / Вести / Интеграција на пазарите на електрична енергија

Интеграција на пазарите на електрична енергија

Dalnovod

Дури 12 европски земји се договорија да ги поврзат своите пазари на електрична енергија. Декларацијата за регионална соработка во областа на обезбедување на испораките во рамките на внатрешниот европски електроенергетски пазар, вчера ја потпишаа: Чешка, Полска, Австрија, Белгија, Данска, Франција, Германија, Луксембург, Холандија, Шведска, Швајцарија и Норвешка. Се работи за 10 членки на ЕУ и две земји (Швајцарија и Норвешка) кои не се членки, но имаат тесни врски и слободна трговија со ЕУ.

Регионалната соработка е камен-темелник за создавањето на Енергетската унија, која треба да овозможи сигурно снабдување со енергија и прифатливи цени за потрошувачите.

Земјите потписнички на споменатата декларација, се обврзуваат на сестрано координирање на своите енергетски политики во поглед на сигурноста на испораките, ефективно користење на постоечките електрични мрежи и зголемување на интегрирањето на обновливите извори на енергија на внатрешните пазари. Потписничките имаат намера да го поддржат развојот на единствен пазар и да ја зголемат прекуграничната трговија со енергија.

 

Испрати коментар

Scroll To Top