Резиденцијата De La Canardicre сокриена е длабоко во шума во подножјето на масивот Laurentian во јужен Квебек, Канада. Од куќата се простира поглед на блиското езеро, а нејзината интересна структура овозможува потполна интеграција со пејсажот.
Проектот е на канадското архитектонско биро Boom-Town, специјализирано за современа архитектура, воглавном градена од природни елементи. Најголем дел од нивните проекти се сместени во слично природно опкружување.
Обликувањето на оваа куќа е добар пример на интеграција на современата архитектура со природата.
Оваа модерна колиба ја прават неколку сегменти, така нејзиниот горен дел, клатот е со класична форма на кровот, поставен на конзола гледа кон езерото, додека основата на куќата е сместена на падина.
Приземниот дел на куќата го карактеризира современ дизајн со рамен кров покриен со цинк, големи прозори и отворен простор во ентериерот.
Впечатлива е и темната боја на дрвената фасада, поради која куќата делува импресивно кога се гледа од далечина.
Архитектонското обликување на надворешноста на куќата е одличен пример на интеграција на модерна архитектура со природата, што во случајов е направено на мошне суптилен начин.