Насловна / Вести / InTech во чест на 20 години Open Source

InTech во чест на 20 години Open Source

На 29-ти мaj од 18:00 часот, во MKЦ Клуб ресторанот во Скопје ќе се одржи петтиот InTech meetup организиран од страна на InPlayer.
Уште едно InTech дружење со својата програма ќе го задоволи сечиј иновативен апетит и секако ќе остави бројни впечатоци на сите посетители.

banner-728x90-27

Овојпат, на meetup сцената ќе гостуваат:

– Sarah Novotny (Head of Open Source Strategy на GCP, Google )
– Jan Wildeboer (EMEA Evangelist, Red Hat )
– Visar Zejnullahu (Software Development Engineer, Free Software Macedonia )

Фокусот и темата на овогодинешниот InTech meetup е Дваесетгодишнината од Open Source Software што само по себе претставува значајна пресвртница во ИТ индустријата на глобално ниво. Токму затоа даден е акцент на неверојатниот успех на Open Source движењето поттикнато од успешни програмери и компании од светски размери.

banner-300x250-28

Ќе се зборува на теми како изворедниот успех на Open Source движењето од неговото појавување во 1998 до денес, можностите и инспирацијата кои ги нуди, како и успешни приказни од компании кои инвестираат за да се популаризира неговото влијание.

banner-300x600-16
Говорниците ќе ги споделат своите професионални искуства, знаења и предизвици од секојдневнието во оваа индустрија на иновативност и лидерство.
Местата се ограничени, пријавување на следниот линк:
http://intechmeetup.com

Испрати коментар

Scroll To Top