Лоциран во непосредна близина на болницата Amphia во градот Брида, Холандија, институтот за радиотерапија е дизајниран на начин да создаде пријатна и смирена атмосфера за неговите пациенти, овозможувајќи им да ја почувствуваат дневната светлина при секој чекор од нивниот третман. Органската обвивка околу објектот креира разновидни дворови покрај чекалните и собите за третмани, формирајќи „филтер“ помеѓу надворешниот свет и функционалните содржини, создавајќи заемно чувство на отвореност и приватност.
При ентериерното уредување е употребен стар, обновен мебел на кој архитектите решиле да му дадат втора шанса, недоминантно вклопувајќи го во средината со што се придонесува за посакуваната интимност во просторот.