Насловна / Вести / Институциите немаат капацитет за справување со загадувањето

Институциите немаат капацитет за справување со загадувањето

Радио Слободна Европа пишува дека институциите немаат капацитет за справување со загадувањето. Владата во планот за чист воздух воопшто не го спомнува загадувањето од големата индустрија, иако државните ревизори наведуваат дека голем број компании не ги запазуваат законските рокови за реализација на плановите за поставување филтри, како и дека државните институции несоодветно ги спроведуваат законите за контрола на големите индустриски компании.
Откако Скопје и другите градови во Македонија изминативе денови повторно беа најзагадени во светот, Државниот инспекторат за животна средина направи вонреден инспекциски надзор во Скопје, Битола, Струмица, Гостивар и Тетово. Инспекторите направите контрола на околу 30 компании, но надминување на граничните вредности на емисии забележале само во РЕК Битола.

заг4
Во Скопје од направените контроли меѓу другото се вели дека Цементарница Усје не ги надминува граничните вредности на прашина, сулфурен диоксид и азотни оксиди на двете печки. За Макстил стои дека компанијата врши мониторинг на нејзините емисии и доставува резултати до Инспекторатот и Министерството за животна средина, но не е наведено какви се тие резултати. Истото стои и за компанијата Арцелор Митал.
Големите загадувачи во Македонија имаат и законски обврски да плаќаат надоместоци поради нивното влијание врз животната средина, но државните ревизори утврдиле неефикасност на системот за контрола на Министерството за животна средина.
Ревизорите наведуваат дека надлежната Управа за животна средина не го утврдува точно и прецизно годишниот надоместок за поседување на дозволите.

заг1
Тие исто така укажуваат на недоволна прецизност на законите и нивна несоодветна примена, но и оти голем број комапнии не го запазуваат законскиот рок за реализација на оперативните планови и преминот од Дозвола за усогласување со оперативен план во А – интегрирана еколошка дозвола.
Ревизорите наведуваат дека просечните годишни концентрации на ПМ10 честички ја надминуваат годишната гранична вредност од (40 μg/m3) во сите мониторинг станици, а највисоки концентрации се измерени во Тетово и скопската населба Лисиче, кои надминале 120 μg/m3.
Концентрациите на поопасните ПМ2,5 честички се мерат во две мониторинг станици во Скопје и нивната просечна годишна врдност е два пати повисока од граничната вредност, се вели во последниот Годишен извештај на ДЗР.
Исто така е наведено дека оценката на квалитетот на воздухот е нецелосна поради „некомплетоност на податоците од емисиите на стационарните извори на загадување, но и дека не се земаат предвид податоците за количините на емисии на загадувачки супстанци од непроизводните извори.

заг3
Ревизорите укаживаат на слаба достапност на квалитетни влезни податоци, со што се ограничува примената на дисперзионите модели за проценка на квалитетот на воздухот.
Утврдени се слабости и во организациската поставеност на системот на управување со квалкитетот на воздухот, односно дека поставеноста на инспекцискиот надзор во животната средина не соодветствува во целост на барањата кои произлегуваат од пправото на ЕУ, поради што во 2016 година бил подготвен нов Закон за инпекција во животната средина.
„Административниот и техничкиот капацитет на надлежните институции е недоволен на централно, а особено на локално ниво во поглед на кадровската екипираност, опрема и финансиски средства“, се вели во Извештајот на ДЗР.

заг2
Понатаму ревизорите истакнуваат дека иако властите реализираат одредени мерки за заштита на амбиенталниот воздух, тие не се доволни за постигнување на задоволителни резултати за намалување на загадувањето.
Средствата за реазлизција на Годишната програма за работа на Државен автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух, не се доволни за сервисирање, набавка на резервни делови на мерните станици, дислокација на постоечки мониторинг станици, набавка на лабораториска опрема и хмиски анализи, акредитација на Централната и Калибрационата лабораторија.
Според поратоците на ДЗР, од вкупните инвестиции за заштита на животната средина, инвестициите и трошоците за заштита на воздухот учествуваат со 13% за 2014 и 2015 година, а со 6% во 2016 година. Од нив најмногу се направени во индустријата и специјализираните производители, околу 83 – 96%, а во останатите сектори на економската активност учеството е мало и се едвижи од 4 – 17%.
Дел од инсталациите не доставуваат извештаи од изврените мерења од Управата за животна средина и Македонскиот информативен центар за животна средина.

Испрати коментар

Scroll To Top