Американскиот портал RenewableEnergyWorld.com, известува дека во 2017 година, вкупната новоинсталирана моќност на ветерни електрани во светот е 52,6 GW. како што се истакнува, с еработи за податоци од неодамна објавениот извештај на Глобалниот Совет за ветерна енергија (GWEC). Притоа, највеќе нови ветерни електрани се изградени во европските земји и Индија. Вкупната инсталирана моќност во светски рамки веќе достигнува 540 GW.
истовремено, дури 54% од опремата за ветерни централи во светот отпаѓа на само четири компании: германско – шпанскиот Siemens-Gamesa, дански Vestas, кинески Goldwind, и американски General Electric.