Насловна / Вести / Инсталација „Ветрогон“ на Атанас Атанасоски во МКЦ

Инсталација „Ветрогон“ на Атанас Атанасоски во МКЦ

Денес, 12 ноември, во галеријата на МКЦ, ќе биде поставена уметничката инсталација на Атанас Атанасоски насловена „Ветрогон“.

ветрогон atanasoski

Инсталацијата – објектите се направени од растение – трн, во народот познат како ветроган. Интересно е тоа што напитокот од трнот се користи како лек за простата а познат е и како „природна вијагра“.

Атанас Атанасоски е роден на 30 јануари 1961 година во Прилеп. Дипломирал во 1987 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Постдипломски престој на ФЛУ во Будимпешта 1992-1995 година.

Докторирал на Институтот за национална историја во Скопје во 2010 година на тема „Историско-уметничките аспекти на орнаменталните мотиви во ѕидното сликарство на спомениците во Пелагониската епархија од XII до XVII век“.

Испрати коментар

Scroll To Top