Зоолошката градина во Филаделфија минатата недела отвори нова изложба каде што ги претстави инсталациите на животни направени целосно од рециклирачки материјали. На изложбата работеле вкупно 12 меѓународни уметници. Преку оваа идеја се доведуваат до прашање два од големите светски проблеми: рециклирањето на отпадот и прашањето за загрозените видови во светот. Уметниците што се дел од оваа изложба сметаат дека со рециклирањето на материјалот и негово користење за креирање на инсталации на животни, се пренесува една силна порака за зачувувањето на планетата Земја.