Instagram е социјална мрежа која можеби има и најголемата моќ на комуникација кога се во прашање уметнички теми и нивниот однос со пошироката публика. За тоа се свесни и Aureta Thomollar и Jordan Watson, млад американски пар кој веднаш по запознавањето сфатиле дека делат цела низа на страсти.
Како што самите велат, ja сакаат мода, уметност и дизајн, но не ја сакаат „селфи“ културата и нарцизмот.
Thomollar во тоа време воделa свој успешен блог, додека Watson внимателно ја градел мрежата на следбеници на својот Инстаграм профил.
Денес нивниот профил заедно има над 2,6 милиони следбеници, што го прави идеална платформа за промоција на саканите содржини. Во случајот на овој пар, тоа е уметноста.
Така е креиран @love.watts профил кој уметноста во контекст на социјалните мрежи ја гледа од една поширока перспектива и ги изложува нејзините различни форми. Така, на овој профил може да се забележи нешта што се случуваат во светот на дигиталните и современите уметности, фотографија, скулптура и перформанси.