Насловна / Арт и дизајн / Инстаграм ќе стане онлајн продавница!

Инстаграм ќе стане онлајн продавница!

Почнувајќи од оваа недела, американски модни брендови ќе почнат да ги продаваат своите парчиња преку Инстаграм. Ова ќе им го овозможи социјалната мрежа, да може преку фотографија да се изберат до пет производи на кои корисникот ќе биде во можност да кликне за да ги види деталите за нив, како и цената.instagramshop

Етикетите ќе изгледаат како и ознаките за други профили, а ќе водат до опцијата Buy Now, што води до официјалната веб-страница на брендот, каде што корисниците ќе бидат во можност да го купат производот.

Околу 20 американски брендови во моментов ја тестираат оваа функција, а меѓу првите што ќе можат да ја користат ќе бидат J. Crew, Michael Kors, Abercrombie & Fitch, Coach, Levi’s, Macy’s и Tory Burch.

Интересно е тоа што Инстаграм нема да зема каква било директна провизија од брендови за таквиот начин на бизнис, но сигурно е дека ќе привлече уште повеќе корисници и ќе поттикне повеќе интеракција.

https://vimeo.com/189697604

Испрати коментар

Scroll To Top