Овој ентериер се одликува со својот компактен изглед поради фактот што се простира на 20 м2, и тој е доказ дека во еден ограничен простор може да се организира целосно инспиративно откритие.
Овој стан се наоѓа во Биалисток, во Полска, и е дело на полското архитектонско дуо „Homedesignator“, а е изведен во 2015 година под името „ХЅ“, кое е инспирирано од неговата големина.
Давајќи му на просторот светла и пространа завршна обработка, талентираните дизајнери успеале овој мал простор да изгледа многу поголем а истовремено да ги содржи сите потребни функции и содржини.
Како еден од главните и најкреативни елементи во овој стан се појавува креветот, кој во текот на денот е кренат и замаскиран во ѕидната површина, а под него се јавува полица, додека во текот на ноќта се спушта и така овој простор се трансформира во спална соба.
Седечката гарнитура со својот облик и изглед врши две функции, па така може да биде и како дел од дневната соба но и како трпезарија. Во станот има и работен простор, кујна и прекрасна бања.