Студиото од Велс Hyde + Hyde architects, дизајнирале дом за фотограф кој е сместен во напуштен предел на кеменолом, кој се наоѓа во националниот парк во Brecon. Овој објект кој е поставен во пејзаж, не и се наметнува на природната топографија. Тој е замислен како правоаголна форма која само се потпира на земјата, додека подигнатиот волумен е покриен со бакарни панели кои обезбедуваат висока термичка изолација.
Отворите што се отсечени во металната обвивка овозможуваат погледи кон зеленилото, а истовремено го изложуваат внатрешниот простор. На самиот крај на волуменот се наоѓа застаклен ѕид со директен поглед кон двовисинскиот атриум кој содржи библиотека и дневна соба. Комбинацијата на изложената OSB плоча во ентериерот и различните прозорци создаваат идеална заднина за фотографирање.