Овој светол и инспиративен апартман се наоѓа во близина на Венеција во Италија. Сместен во зграда од 60-тите години на минатиот век, станот има отворен план и пространа тераса со прекрасен панорамски поглед на околината.
Во текот на жешките летни денови, терасата станува продолжеток на дневната соба. Бетонските столбови внесуваат индустриски шарм во овој удобен и светол стан.
Белиот мебел, вграден во ѕид, создава чувство станот да изгледа попростран отколку што навистина е. Мебелот од подот до таванот го зголемува таквото чувство.
Белиот минимализам е специјално нешто што го карактеризира овој простор за живеење. Сјајните површини на мебелот и подовите од дабово дрво го дополнуваат во целост овој ентериер.