Овластените инспектори од Министерството за животна средина и просторно планирање можат да го контролираат согорувањето во ложишта до 1 MW. Од ресорното Министерство велат дека граничните вредности при согорување во ложишта до 1 МW се регулирани со член 12 од Правилникот за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарните извори во воздухот. Споменатите гранични вредности зависат од типот на горивото кое се користи.
Овластените инспектори можат врз основа на утврдени законски или подзаконски повреди при инспекцискиот надзор да изречат глоба, односно да покренат прекршочна постапка до надлежната Комисија за прекршоци при МЖСПП.
Исто така, овластените инспектори при увид треба да утврдат кој тип на гориво се применува, при што треба да се има предвид дека согласно Законот за управување со отпад, строго се забранува неконтролирано горење на опасен отпад. Овластените инспектори можат да покренат прекршочни санкции.