Насловна / Вести / Инспектори и припадници на МВР изрекоа мерки и глоби при спроведување на контроли за загадувањето

Инспектори и припадници на МВР изрекоа мерки и глоби при спроведување на контроли за загадувањето

Изречени се повеќе глоби и забрани за утврдени инциденти и активности кои значително влијаеле на загадувањето на воздухот и животната средина во повеќе општини минатата недела во рамки на активното спроведување на мерките за намалување на аерозагадувањето предвидени во Програмата и Планот за чист воздух донесени од Владата, спроведени од комбинираните тимови составени од седум владини советници, кои во координација со сите инспекторати во државата вклучувајќи го и Министерството за внатрешни работи преземаат активности за спречување на загадувањето на воздухот, соопштуваат од Владата.

загад
Инспекторатот на Град Скопје по реакција на граѓани, излегува на терен заедно со акредитирана лабораторија, спроведува вонреден инспекциски надзор и мерење на граничните вредности од стационарниот емитер.
Од Владата додаваат и дека се извршени вонредни инспекциски надзори во правни субјекти, обиколки на површини и диви депонии, како и контрола на начинот на кој се загреваат субјектите во повеќе општини низ земјата.

цаденје
Соопштуваат дека секојдневни интензивни контроли од тимовите составени од инспектор за животна средина и комунален инспектор и редар се вршат во речиси сите општини во државата и за тоа се испраќаат извештаи до Канцеларијата на Претседателот на Владата на РСМ.
За да ја олесни комуникацијата и да ги охрабри сите засегнати граѓаните, со цел континуирано да се спроведуваат активностите за борба против аерозагадувањето, Инспекторатот на Град Скопје на социјалната мрежа Фејсбук постираше упатство во кое се даваат насоки како граѓаните побрзо и поефикасно да пријавуваат секаков вид загадување на амбиенталниот воздух.
Во наредниот период надлежните ќе продолжат со вршење на вонредни инспекциски надзори во правни субјекти кои поседуваат Елаборат за заштита на животна средина секаде каде што има појава на емисии во амбиенталниот воздух, ќе контролираат површини каде постојат депонии и стрништа и редовно ќе известуваат за преземените интервентни акции, велат од Владата.

Испрати коментар

Scroll To Top