Компанијата „Индо минерали и метали“ има обврска најдоцна за 15 дена до Министерството за животна средина и просторно планирање да го достави проектот за покривање на каналите за пренос на јаловина. Транспортот на јаловината се одвива низ урбана средина и мора да биде во согласност со точно утврден режим, велат од Министертвото, чии инспектори го посетија рудникот „Злетово“ во Пробиштип. Казна ќе заработи и рудникот „Бучим“ затоа што не ја пријавиле хаваријата што им се случила пред три дена, а истекувањето на јаловината во околните реки го пријавиле граѓани.